Празнувањето на големиот православен празник Божиќ за жителите на гостиварско Тумчевиште годинава беше исполнето со уште поголема радост. Свештенослужители од гостиварското архиерејско намесништво извршија осветување на новата трпезарија во дворот на црквата „Свети Димитрија“.
„Старата појата беше срушена и на 16 февруари 2023 беа поставени темелите на новата, која се изгради за една година. Средствата за изградба беа собрани од жителите на селото како и донации од добронамерни граѓани. Голема благодарност до црковниот одбор чии членови беа целосно посветени на организацијата“, пренесоа жители на Тумчевиште.
Црквата „Св. Димитрија“ била изградена во 1878 година, па запалена и урната за време на Втората светска војна. Потоа била обновена и во 1970 година осветена од страна на г.г. Доситеј, првиот поглавар на Македонската православна црква.
Новогодишно ИНТЕРВЈУ | Гостин: Дедо Мраз