Освен вакцинираните, во угостителски објекти ќе може да влезат и прележаните од Ковид – вели Филипче

Освен вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале Ковид-19, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид.

Овие лица, како што изјави Филипче, доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од Ковид-19 во рок не подолг од 45 дена.

Министерот нагласи дека новите рестриктивни мерки кои треба да стартуваат од понеделник се во насока на зашита на јавното здравје.

„Верувам дека сите сме свесни, дека граѓаните се свесни оти се работи за мерки во насока на заштита на здравјето. Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот. Во принцип за сите важи потребата од приложување сертификат за вакцинација, единствено што е воведено како забрана е огранизирање свадби и веселби во затворен простор, од причина што на такви прослави тешко се спроведуват и запазуваат протоколите за заштита“, рече Филипче.

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило

За предвиденото воведување редарски служби од страна на угостителите, Филипче рече дека тие се во насока на заштита на самите угостители. Нагласи дека при воведувањето на мерките е разговарано со сите субјекти и додаде дека е отворена опцијата за дополнителни консултации за какви било потешкотии или предизвици што би се јавиле при спроведувањерто на новите протоколи и мерки.

- Реклама -