Кога безбол стадионот во Осака ги затвори своите врати, се отвори простор за развој на нова комерцијална област во непосредна близина на железничката станица „Намба“.
Со оглед на дадената локација, сопствениците од Nankai Electric Railway побараа дозвола за да создадат објект кој целосно ќе го редефинира идентитетот на Осака.
„Намба“ парковите биле замислени како големи зелени површини кои ќе ја обојат сивата и груба урбана средина на градот. Замислата била остварена.
Над високата кула во која се наоѓа огромен трговски центар, на покривот, се наоѓа раскошен парк кој се протега низ 8 растечки нивоа.
Со цел да се обезбеди видливоста на зелената компонента во градот каде што природата е вистинска реткост, косо поставениот парк се поврзува со улицата, поздравувајќи ги минувачите со гледка на шуместо поставени дрвја, пространи тревници, карпи, водопади и езера.
Под зелените површини, се наоѓа длабина во која работат голем број на ресторани, кафулиња и клубови.