Осудениот Азири најави докази за нарачателите, организаторите и помагачите на убиството кај Смилковско, со имиња и презимиња

Фејзи Азири, кој денеска при изрекувањето на пресудите за „Монструм“ беше прогласен за виновен за две кривични дела „помагање во извршување на кривично дело“ и осуден на 15 години затвор, им даде рок од 10 дена на јавниот обвинител Љубомир Јовески и обвинителката Вилма Русковска да го посетат во затвор за да им приложи, како што рече, прецизни докази за нарачателите, организаторите и помагачите на петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Доколку во тој рок од 10 дена тие не го повикаат, не го посетат и не му биде дозволено да ја поднесе пријавата, предупреди Азири (во обраќањето по повод барањето на обвинителката Фетаи за мерка притвор поради опасност од бегство), доказите ќе ги даде на јавноста и на странските амбасади за тие да утврдат кој е извршител, нарачател и помагач на убиството.

 

- Реклама -