Осуда за ракетниот напад на Голанската Висорамнина и од Обединетите нации

Според израелското Министерство за надворешни работи, Хезболах е одговорен за нападот затоа што е единствената фракција што поседува проектил каков што беше испукан во Голанската Висорамнина

Остатоци од ракетниот напад во Голанската Висорамнина

Ракетниот напад на Голанската Висорамнина, кој се заканува да предизвика регионален конфликт, е предмет на осуда и од страна на Обединетите нации. При нападот загинаа најмалку 12 луѓе, меѓу кои и деца.

„Цивилите, децата пред сѐ, не смеат да продолжат да го носат товарот на ужасното насилство што беснее во регионот“,  

рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Додека траат возвратните удари помеѓу Израел и Хезболах, Либан повика на меѓународна истрага.

Според израелското Министерство за надворешни работи, Хезболах е одговорен за нападот затоа што е единствената фракција што поседува проектил каков што беше испукан во Голанската висорамнина.

Но, либанскиот шеф на дипломатијата, Абдала Бу Хабиб, повика на меѓународна истрага или трипартитна средба на комисијата со посредство на мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) за да се утврди вистината за нападот.

- Реклама -