Основачите на Twitter, Еван Вилијамс и Биз Стоун, лансирале две нови социјални мрежи, Branch и Medium.
Тие инспирираа бран на само-објавување со Blogger а потоа го конвертираа светот во 140 карактери со Twitter. Сега тие лансирале два нови сајтови за кои тие се надеваат дека ќе предизвикаат „еволутивен скок“ во онлајн споделувањето.
Вилијамс и Стоун сè уште се директори во Twitter но се поврзани со новите компании преку нивниот The Obvious Corporation фонд. Како и Twitter, Medium и Branch се платформи за објавување на кои корисниците ќе споделуваат фотографии, статии и текст. Двете се, горе-долу разгранувања на Twitter.
Но што се Medium и Branch? Medium е изграден околу колекции. Засега сервисот функционира само преку покани, но наскоро секој ќе има шанса да започне колкција и да ги објавува своите фотографии или написи. Во Medium ќе се логирате со вашиот Twitter профил за да можете да читате, гледате и гласате на содржини без да создавате нова публика.
Branch е опишан како обид за комбинирање на интимноста на разговор за време на вечера со моќта на интернетот – и на овој сајт ќе се логирате со Twitter профилот. Branch е местото каде што Twitter корисниците ќе можат да разговараат без ограничувања. Ќе можете да започнете сопствена „гранка“ и да поканувате други корисници на дискусии. [Twitter founders unveil new blogging tool]