Тие можат да се појават на вашиот нос, образи, врат или грб.
Тие се прилично грда глетка и многу жени се обидуваат со различни методи да ги отстранат. Кои се причините за нивната појава?
Митисерите, или жаргонски кажано црнките, се појавуваат како резултат на затнати пори, хормонална нерамнотежа и мрсна кожа и коса. Океј, за сите овие нешта има решение, но како да се ослободиме од митисерите кога ќе се појават? Ние претставуваме одлично природно решение за кое ќе ви бидат потребни само пет минути.
Ќе ви бидат потребни само две состојки:
– Половина лимон
– Неколку капки мед
Нанесете го медот на половина исечен лимон и со тоа нежно тријте го лицето, кое претходно сте го исчистиле, обрнувајќи посебно внимание на погодените области со митисери. По пет до седум минути, исплакнете со ладна вода. По првата употреба ќе забележите резултати- вашата кожа ќе биде мека, мазна и чиста! Овој третман може да се повтори неколку пати неделно.