Филмот на годината, награден со четири Оскари е предмет на тужба од астрономска вредност.
Birdman (Човекот птица) беше номиниран за девет Оскари, а освои четири, вклучувајќи ги давата најпрестижни за филм на годината и најдобра режија.
Извршната продуцентка Сара Џонсон сега ја тужи куќата „Worldview entertainment“, и бара 70 милиони долари оштета.
Џонсон наведува дека компанијата, која се занимава со продукција, упорно лажно известувала за статусот и финансиите на филмот, со цел да ја натераат да инвестира дополнителни средства.
Таа тврди дека на овој начин изгубила 20 милиони долари, а од ветените 20 проценти камата на вложените пари, не видела ни долар.
Џонсон додава во тужбата дека имало големи трошоци за приватни потреби, кои што не биле дел од договорот.
Случајот наскоро ќе биде отворен пред суд.
Прочитај повеќе: Предлог филм – Човекот птица