Оскари: Што добиваат губитниците?

Номинираните кои вчера не си заминаа со златната статуетка, сепак, не останаа со празни раце. Наместо Оскар, добија подароци во вредност од 45 000 долари.

Компанијата „Distinctive Assets“ од Лос Анџелес по церемонијата им подели на учесниците торби со подароци под називот „Сите добиваат на Оскарите“ во која се наоѓаат ваучери за одмори во Австралија и на Хаваи, како и патување во Мексико во вредност од 12 000 долари, купон за пластична хирургија вреден 5 000 долари, посебни патики за тенис, купон за седум дена на клиника за слабеење и годишна претплата на ВИП сервисот на аердормот Хитроу.

ht_mexico_resort_oscars_nt_130221_wmain

Вредноста на овој пакет се намалила од 60 000 на 45 000 долари, со оглед на тоа што цената на патувањата варира.

Се проценува дека само 10 отсто од номинираните ги користат овие луксузни одмори и патувања.

Меѓу помалку вредните подароци се наоѓаат и кондоми, прибор за готвење, средство за чистење  и апарат за чистење прав.

WindexTouchUpCleaner

Организаторите на Оскарите престанаа да делат раскошни и екстрагавантни подароци во 2007 година по критиките на даночните власти во Америка.

Компанијата „Distinctive Assets“, која 11 години ги дели овие подароци, не е официјално дел од организацијата на Оскарите, а подароците им се испраќаат на учесниците еден ден по церемонијата.

- Реклама -