Ви претставуваме пет анимирани кратки филмови кои оваа година се номинирани за Оскар.
Ви претставуваме пет анимирани кратки филмови кои оваа година се номинирани за Оскар.
Духовита aнаимација за еден бизнисмен кој оди на кафе и за неговите урнебесни обиди да ја плати сметката откако ќе сфати дека му го нема паричникот. Ова е режисерско деби на Fabrice Joubert, но тој веќе има работено како аниматор за DreamWorks и Aardman на филмовите Shark Tale, The Curse of the Were-Rabbit, Flushed Away и Despicable Me.
Хорор верзија на Заспаната убавица раскажана со ирски нагласок. Бабата O’ Grimm раскажува страшна приказна за самовилата која луѓето ја сметаат за многу стара, па затоа таа им се одмаздува. Сценаристката на филмот е Кетлин О’Рурк која и го позајмува гласот на лошата баба.
Уште една црнохуморна анимација. Старицата ја посетува Смртта, но не успева да ја одведе бидејќи се замешува лекарот и буквално започнува борба за бабата. Режисер е Recio Gracia на кого ова му е прв филм, а интересно е што на шпицата како продуцент е потпишан Антонио Бандерас.
Интересна анимација во која Лос Анџелес е прикажан како свет комплетно составен од корпоративни логоа. Во приказната за криминалецот во бекство кој го фаќа полицијата гласот на еден од јунаците му го дава Дејвид Финчер, а критичарите воглавно ги интересира како авторот успеал да искористи толку логоа без дозвола.
За овој анимиран филм веќе се има многу зборувано – беше голем хит во 2008. Wallace и Gromit се веќе популарни ликови, а нивниот автор Ник Парк е вистински фаворит на Оскарите – веќе има освоено 4 златни статуетки.