Параолимпиецот Оскар Писториус беше пуштен од затвор за помалку од година, откако беше осуден за убиството на неговата девојка Рив Стенкамп во 2013 година.
Писториус ќе го помине остатокот од 5-годишната затворска казна во куќата на неговиот чичко во Преторија. Според локалните медиуми спортистот нема да биде со прикачен чип за домашен притвор, туку до 2019 година ќе треба да врши јавна дејност.
Според блиските на Стенкамп, Писториус поминал во затвор премногу кратко време за злочинот, па по нивно барање на 3 ноември Врховниот апелационен суд ќе одржи ново рочиште за случајот.
29-годишната Стенкамп беше застрелана ноќта на 14 февруари 2013 година од страна на Писториус во нивната куќа.
Параолимпиецот тврди дека помислил дека неговата девојка е крадец кој провалил во нивниот дом.