Да си сам значи да не си со сите, да си осамен значи да не си со никој.
Фотографиите на италијанскиот фотограф Стефано Корсо се фокусирани на концептот за човековата осаменост меѓу хаосот на градот.
Неговите фотографии предизвикуваат чувство на далечина и осаменост, додека луѓето талкаат изгубени како сенки.
Понекогаш тоа што си сам, не те прави осамен, а понекогаш си со многу луѓе, но сепак си осамен …
Осаменоста и самотијата низ објективот на Стефано прават јасна дистинкција меѓу двете појави.