Оружје – уметност: Укаинката што црта со песок се бори за Киев

Ксенија Симонова ја запозна сиот свет, откако победи на шоуто „Украина има талент“, во 2009 година.

Еве едно потсетување од победата:

Таа е по потекло од Крим, а сега го користи својот талент да го насочи вниманието кон Украина , во која што веќе неколку месеци владеат големи немири.

„Кога видов што се случува со другите делови на Украина, вестите за немирите ме изненадија, се чувствував многу тажно. Пред се како мајка. Бидејќи имам син, а него во иднина го гледам како добар човек – без оглед на тоа што ќе стане – таксист, музичар, учител. Но, не како личност вклучена во насилство. Сигурна сум дека сите мајки, без оглед на тоа каде се наоѓаат, во Русија, Украина, Англија, Данска, Африка, дека не сакаат да ги видат своите деца вклучени во воени акции или убиени. Ние сме го добиле најголемото богатство – говорот, треба да разговараме едни со други, ние сме браќа и сестри“ вели таа.

Погледнете го најновото од неа:

- Реклама -