Орландо подобри од Лејкерси

Во НБА лигата синоќа беа одиграни само два меча. Кошаркарите на Њујорк Никс продолжуваат со добрите игри

остварувајќи трета едноподруго победа, додека Лејкерси беа поразени на свој терен од Орландо со 113-103.

Кармело Ентони ги предводеше Никси со 34 поени, додека Рајмонд Фелтон уфрли 23 поени со седум асистенции. Кај Феникс најефикасен беше Пољакот, Марчин Гортат со 18 поени, додека Сем Браун заврши со 17 поени.

Орландо Меџик, пак, на гостувањето во „Стејплс центарот“ ги победи фаворизираните Лејкерси со 113-103 со одлична игра на Арон Афал кој уфрли 30 поени. Кај ЛА Лејкерс тандемот Брајант – Хауард одигра добро но не можеше да донесе победа. Брајант постигна 34 поени, а Хауард – 21 поени, додека Гасол дополни со 11 поени.

РЕЗУЛТАТИ: Њујорк – Феникс 106-99, ЛА Лејкерс – Орландо 103-113.

- Реклама -