Изгледа дека се роди нова љубов во Холивуд.
Познатиот актер Орландо Блум беше фотографиран додека излегува од суши ресторан заедно со стилистката Клои Бартоли во Малибу. Изгледа дека сепак Орладно ја преболе Миранда Кер, но уште поинтересно е што Клои е пријателка на неговата поранешна сопруга.
Клои на почетокот на ова лето беше фотографирана заедно со Скот Дисик, партнерот на Кортни Кардашијан како разменува нежности, што според многу таблоиди таа била причината за разделувањето на Кортни и Скот.