Оригами архитектура

Прочитај повеќе...Во јапонската вештина Оригами сечењето не е дозволено, но во 1981 година Masahiro Chatani, професор по архитектура во Институтот за технологија во Токио докажа дека со сечење на само еден лист на хартија можат да се направат прекрасни парчиња уметност. Заедно со својот колега Keiko Nakazawa, Chatani ја откри Оригами архитектурата, каде само со нож за сечење и лењир се креираат многу сложени тридимензионални скулптури само од еден лист хартија.


Во јапонската вештина Оригами сечењето не е дозволено, но во 1981 година Masahiro Chatani, професор по архитектура во Институтот за технологија во Токио докажа дека со сечење на само еден лист на хартија можат да се направат прекрасни парчиња уметност. Заедно со својот колега Keiko Nakazawa, Chatani ја откри Оригами архитектурата, каде само со нож за сечење и лењир се креираат многу сложени тридимензионални скулптури само од еден лист хартија.

Оригами архитектурата е всушност варијација на киригами (вид на оригами каде е дозволено сечење) и ваквите скулптури можат да варираат од (релативно) едноставни геометриски шеми до сложени фасади на познатите градби кои излегуваат кога ќе се отвори листот хартија.  Имајте на ум дека следниве фасцинантни примери на оригами архитектура се направени со едноставно засечување со нож врз еден лист хартија. 

origamic-architecture-stairs
Скалила до рајот од Gerry Stormer
origamic-architecture-sideways-steps
Дијагонални скалила  – Gerry Stormer
 
Од мајсторот лично, Оригами архитектура од Masahiro Chatani 
origamic-architecture-chatani1
origamic-architecture-chatani-2
Уште оригами архитектонски зданија на Willem
origamic-architecture-willem
Инспирирано од делата на MC Escher, од фантастичната галерија на Ingrid Siliakus 
origamic-architecture-escher-ascending-descending
origamic-architecture-escher-cycle
Повеќе артистички и креативни реализации на оригами архитектура според Maria Victoria Garrido (Marivi)
origamic-architecture-maria-garrido
origamic-architecture-marivi-heraldy
Некои скулптори Оригами архитектурата ја однесоа еден чекор понатаму, креирајќи
тридимензионални скулптури кои излегуваат од картичките кога ќе се отворат, како пример уметноста на Keiko Nakazawa.
origamic-architecture-nakazawa-rat
origamic-architecture-nakazawa-hare
        
- Реклама -