Американски истражувачи открија уште една причина за блискост со партнерот, имено, оргазмот не само што ја зајакнува интимната врска меѓу партнерите, туку и ја подобрува комуникацијата меѓу нив, соопшти “Њујорк дејли њуз”.
Авторите на студијата објаснуваат дека по оргазам се испушта хормонот окситоцин, помагач за изградба на различни врски. Тоа дејствува како „серум на вистината”, а партнерите стануваат повеќе искрени и се повеќе склони да разговараат позитивно на начин на кој не би комуницирале пред сексуалниот чин.
Создадената атмосфера на емотивна утеха и искрен разговор придонесуваат за јакнење на интимноста меѓу нив. Освен лачењето на окситоцин, по оргазам нивото на стресниор хормон – кортизол се намалува, што дополнително ја олеснува позитивната комуникација. Истражувачите откриле исто дека алкохолот, за којшто е познато дека го „разврзува јазикот”, не делува на сличен начин со окситоцинот.
Разговорите после секс во комбинација со алкохол не се толку искрени и интимни, колку по природен оргазам. Излегува исто така, дека ако партнерите пиеле и не стигнат до кулминација во сексуалниот чин, веројатноста нивните разговори да не се особено позитивни се зголемува.