Oрганизација на просторот во кујната

Од лично искуство знаеме дека тоа воопшто не е лесна задача. Недостатокот на доволно место во кујната е проблем со кој често се соочуваме и што не ни дава можност да кажеме „ Ах, конечно се си е на своето место“.

Со години се бориме со постојаната желба брзо да ги пронаоѓаме работите онаму каде сме ги оставиле, и да ги истакнеме организаторските и практични способности, барем кога станува дел за овој прстор од домот.

Со времето проникнаа неколку одлични идеи, па можеби овие совети ќе ви се најдат

Користете организатори за прибор, зачини и чинии. Ова е прекрасен начин да внесете ред и да пронајдете сè што барате.

Вистината е дека многу од овие модели не штедат многу простор, но сепак се исклучително практични. Има и многу добри држачи за чинии што прегледно ќе ги наредат истите и ќе го разубават просторот.

kitchen-organizing-tips-10

 

Ставете дополнителни отворени рамки и полици во кујната. Во случај кујната да не е опремена со слични рамки и полици, тоа не е проблем. По продавниците има неверојатно многу интересни модели кои лесно ќе ги комбинирате со стилот на вашата кујна. Во нив може да сместите различен тип на нешта: чашки, чинии, прибор,  хартија и пешкири, додатоци, па дури и цвеќиња. Сето ова ќе ви помогне не само да го организирате просторот, туку и да создадете уникатна атмосфера, целосно во ваш стил.

Не заборавајте дека кутиите и теглите за складирање на производи, исто така ви помагаат да ја организирате добро вашата кујна.

8448e4c8a4a6f27b5151cabe4e938b72

 

Стаклените тегли и шишиња се одлични и декоративни.  Можете да залепите напред име на производот, а одзади рокот на траење.

Ако имате очајна потреба од место, подобро користете хартиени или пластични кутии за чување. Тие се лесни за опитимизирање на просторот, бидејќи може да ги организираме исклучително добро.

kitchen-organizing-tips-67

Користете го местото над шкафовите во кујната. Ова е совршено место за сите апарати и нешта кои ги користите ретко. Може да купите кутии за складирање со капаци кои ќе одговараат со ентериерот. Така ќе постигнете оптимална: организација на сè и дополнување на дизајнот.

Во случај да сте многу вешти, можете сами да ги аранжирате своите кутии.

kitchen sink 1

 

 

- Реклама -