Еден морски орел зграпчил видео камера, која што била поставена да ги снима крокодилите во северозападна Австралија и направил снимки од својот 110 километри долг лет низ оддалечените делови на земјата.Ренџерите од западна Австралија објавиле кратко видео на кое се гледа како птицата ја „краде“ камерата, а подоцна „позира“ самата на себе.
Камерата била поставена на брегот на реката Маргарет, во надеж дека ќе ги снима крокодилите. Малата камера долга десетина сантиметри, а широка пeт, набрзо потоа исчезнала, па оттука овластените претпоставиле дека паднала во водата.
Тие неодамна дознале дека камерата била најдена недалеку од реката Мери, повеќе од 100 километри од местото каде што исчезнала. Кога ја погледнале снимката, го откриле вистинскиот крадец – орелот.