Општина Струмица денеска врши дезинфекција на улиците и целата урбана опрема во градот.
Како што велат од општината, со сите свои расположиви ресурси се вклучени во спречување на ширењето на коpoнавиpyсот и заштита на здравјето на граѓаните.
Како што информираат од општината, јавните претпријатија ЈПКД „Комуналец“ и Противпожарната единица на Струмица уште од раните утрински часови, и машински и рачно, го дезинфицирале градскиот плоштад и останатите големи јавни површини, како и најфреквентните сообраќајници во градот и комплетната урбана опрема.
Дезинфекција ќе се врши и во наредните денови. „Здравјето пред сѐ“, велат од општината.
Како што пренесува „СтрумицаНет“, на вчерашниот Координативен состанок во кабинетот на градоначалникот на општина Струмица – Коста Јаневски, со претставници на општинските институции и организации, а во врска со мерките за превенција од ширење на коpoнавиpyсот, биле формирани „специјализирани сили“ во просторните сили за заштита и спacување за пpва медицинcка пoмош и асистенција на теренот.