Како што беше објавено и вчера, струшкиот градоначалник, поради низа причини кои се наведени подоле, вчера преку писмо до централната власти соопшти дека се откажува од најголемиот дел од своите надлежности во општина Струга, и истите ги предава на централната власт. Откако премиерот Зоран Заев изјави дека такво писмо сè уште не му пристигнало, истото е објавено на Фејсбук страната на Општина Струга. Во него пишува:
„Почитуван Заменик на Претседателот и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците – г. Садула Дураки,
Почитувана Заменичка на Претседателот и министерка за одбрана – г. Радмила Шеќеринска,
Почитуван Заменик на Претседателот и министер за внатрешни работи – г. Оливер Спасовски,
Почитуван Заменик на Претседателот, задолжен за економски прашања – г. Кочо Анѓушев,
Почитуван Министер за Транспорт и врски на Владата на Република Северна Македонија – г. Горан Сугарески
Врз основа на последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на општина Струга, мислам дека истатa има само една цел и тоа покривање на дивоградбите во градот Охрид и опасноста која доаѓа со одземањето на статусот на градот Охрид и Охридското Езеро кои го имаат во рамките на Унеско. Струга и граѓаните на општина Струга веќе подолго време се изложени на континуирани и неоправдани медиумски и политички напади дека сè што се работи во Струга е надвор од законските одредби и спротивно на интересите на државата, односно интересите на УНЕСКО.
Имајќи ја предвид гореспоменатата состојба и фактичката состојба во Струга, која укажува на фактот дека и пред моето доаѓање на власт, како и од моето доаѓање на власт навака, не е изградена ниту една дивоградба, а најмалку е направена узурпација на државно земјиште или нанесување на штета на еколошката состојба во градот. Јас како градоначалник притиснат од бизнис заедницата и туристичките работници од една страна и континуираното и намерно блокирање на туристичкиот развој и зголемувањето на туристичките капацитети во градот Струга од друга страна, каде Министерот за Транспорт и врски заедно со комисијата на УНЕСКО одбиваат да донесат било каква промена на Деталните Урбанистички Планови (ДУП) односно и (ГУПОТ) на целосната територија на Општина Струга и намерно го блокират економскиот развој на градот, истовремено ги принудуват градежните компании да ги затворат нивните фирми, ги принудуват странските инвеститори да се откажат од инвестиците во туризмот и хотелиерството во Општина Струга, со тоа што дирекно ја поттикнуват емиграцијата на младите надвор од Република Северна Македонија. Оваа ситуација ги доведува во опасност и постоечките хотелски и угостителски капацитети во Струга и е директна закана за туристичкиот развој на Општина Струга.
Имајќи ја предвид мојата отвореност и транспарентност како човек кој доаѓа од бизнис заедницата, како и последните случувања и неможноста да им излезам во пресрет на бизнис зеадницата и на граѓаните на Општина Струга и да им помогнам да го развиваме нашиот град и да опстоиме во неговиот развој и во насока на спроведување на законите во Р.Северна Македонија, јас како градоначалник на Општина Струга имајќи ги предвид и последните случувања и политичката состојба во државата, одлучив да ви ги отстапам ингеренциите во областа на урбанизмот во делот на издавање на дозволи за градба, во делот на легализација на објектите, во делот на издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО.
Се надевам дека вие како централна власт со вашите капацитети ќе имате подобро разбирање и визија за потребите на бизнис заедницата и граѓаните на општина Струга.
Во очекување на одговор на моето барање, однапред Ви благодарам.
Ве известувам дека за оваа моја одлука ќе бидам информирани сите дипломатски преставништва, министерства и медиуми со цел да се прекине оваа негативна кампања спрема Струга, стружани и спрема мене, и да се обезбеди непречен развој на Општина Струга“.