На денешната седница на Советот на општина Сарај, одлучено е сите поранешни борци на Ослободителната народна армија (ОНА) да се ослободат од комунални давачки кон ЈКП Сарај, пренесува порталот „Тетова сот“. Според порталот, ослободувањето од давачки на припадниците на ОНА било предизборно ветување на градоначалникот Блерим Беџети.
Следниот чекор на општината е формирање комисија која ќе ги регистрира сите поранешни борци на ОНА, и истите ќе ги информира дека се ослободени од комуналните давачки на ниво на општина Сарај.
Ова е прва ваква одлука, и со неа „се почитува славното националното минато на Албанците во Македонија“ и се „институционализира историското минато на локално ниво“, велат од општината.