ОПШТИНА КАРПОШ – ВТОРО МЕСТО ВО СОБИРАЊЕ ПЛАСТИЧЕН ОТПАД

ok1

Основните училишта од Општина Карпош, „Владо Тасевски“ и „Јан Амос Коменски“, го делат првото место во собирање на пластични ПЕТ шишиња. Веднаш по нив, второто место заслужено им припрадна на совесните ученици од ООУ „Вера Циривири Трена“, за собран отпад. Оваа еколошка акција, која е во организација на „Пакомак“,на ниво на Град Скопје, се спроведува веќе четврта година. Целта на проектот е одржување на хигиената во околината како и едуцирана младина, односно што значи рециклиеање на пластичните шишиња и колку е тоа важно за животната средина.

ok2

Основните училишта од Општина Карпош, секоја година обрнуваат внимание на хигиената во своето училиште и секој ученик има за задача да понесе што поголем број пластични шишиња, кои ги складираат во посебен контејнер, дониран од „Пакомак“. Награда за првото место во училиштата, во секоја општина одделно, добива 25.000 денари кои ќе се искористат за потребите на училиштето. За прв пат оваа година, второнаградените училишта добиваат рампа за паркирање велосипеди, кои ќе бидат поставени во училишните дворови. Училиштата во Општина Карпош, по Општина Аеродром, се втори во собирање пластичен отпад. Оваа година основните училишта во Карпош собрале отпад од 6.200 кг, и се наоѓаат на второ место на ниво на Град Скопје, веднаш по Општина Аеродром. Преку активностите на „Пакомак“, Карпош собра 204.000 пластични шишиња.

ok3

„Пакомак“ ја продолжува акцијата и оваа година и доделува скромна награда, маички, со логото и мотото на еко акцијата, за најуспешните три ученика од секое добитно училиште, во знак на мотивација и поттик за понатамошна еко акција за добро на животната средина.

- Реклама -