ОПШТИНА КАРПОШ ГИ РЕСТАВРИРА УЧИЛИШНИТЕ БИСТИ

Со оглед на тоа што „забот на времето“ длабоко навлегол во монументите на македонските историски великани, Општина Карпош презеде иницијатива за реставрација на сите училишни бисти, кои се наоѓаат  на нејзина територија. Постарите уметници тврдат дека постоечките училишни спомен-обележја, на територија на локалната самоуправа се стари околу 40 години. Некои од нив се дело на реномираните македонски скулптори, како што се Јордан Грабул, Боро Митриќески и Илија Аџиески.

Досегашните бисти кои беа изработени од гипс, ќе ги реставрира мајстор-скулпторот Сашо Попоски, со полимерни материјали и акрилати, со цел да се добие хомогена структура која ќе биде отпорна на надворешните влијанија. Минатата недела беше санирана бистата со постаментот на македонската хероина Вера Циривири Трена, а во тек се подготвителните работи за обновување и на останатите скулптури.

sp4 sp3 sp2 sp1

- Реклама -