Опозицијата не се откажува од смената на началникот на новосадската полиција

Опозицијата во Нови Сад, составена од сите опозициски одборнички групи во Собранието на градот, соопшти дека нема да се откаже од своите барања претставени на денешниот протест-блокада на главната полициска станица.

Тие го повторија барањето да бидат уапсени лицата кои го претепаа 74-годишниот пензионер и да биде сменет началникот на Полициската управа во Нови Сад.

– Постојат основи за сомневање дека во овој случај директно се инволвирани началникот на полицијата во Нови Сад, Горан Радоњиќ и поранешниот началник на криминалистичката полиција, Слободан Дрманац, а на целиот настан посведочиле тројца полицајци, тврди новосадската опозиција.

Тие најавија и дека имаат сознанија дека двајцата вршат притисок, во моментов без успех, врз тројца колеги да понесат одговорност за тоа кривично дело и дека тоа е причината што Обвинителството никого не обвини за тој случај три недели по настан.

– Жителите на Нови Сад не можат да се чувствуваат безбедни додека началникот на полицијата е човек, во чија полициска станица неказнето се претепуваат луѓе, посочија од опозицијата.

Од новосадската опозиција додадоа дека нема да дозволат власта да го прикрие случајот, туку ќе вршат притисок врз институциите додека сторителите на ова злосторство „не се изведат пред лицето на правдата“.

- Реклама -