Вирус може да ви го заклучи компјутерот и да ви бара 300 евра

Вирусот CryptoLocker ги заклучува сите податоци и датотеки во вашиот компјутер, по што добивате период од 96 часа да остварите уплата од 300 долари за нивно одклучување.

Во случај тоа да не го сторите, сите ваши податоци ќе бидат избришани. CryptoLocker се шири преку мејл.
Доколку не саката да платите, единствена опција ви е да го форматирате целиот компјутер, со што ќе ги изгубите сите ваши податоци.

cryptolocker-warning-1

Како да се заштите? Едноставно не ги отворајте непознатите мејл пораки и од луѓе што не ги знаете.  Најчесто вирусот е маскиран во pdf атачмент во мајл од лажен FedEx или UPS акаунт.

Дополнително може да се заштитите ако редовно го апдејтирате вашиот Windows оперативен систем, како и антивирусните програми и правете бекап на вашите фотографии и документи.

- Реклама -