Дека никогаш не е предоцна да се започне со спортување е добро позната и точна фраза. Но истото важи и за најмладите, кои што порано ќе започнат, толку подобро.
Така, оние првите тренинзи секогаш најдобро се паметат, а пак натпреварите, остануваат меѓу најдрагите сеќавања.
Овие „опасни“ тригодишни џудо-противнички, приредија како за нив, така и за останатите незаборавен и ултра симпатичен натпревар, кој за само неколку дена успеа да насмее преку милион ЈуТуб корисници.