Опасни и разгалени, а полни кеш: Децата на најпознатите мафијаши

Продолжија по стапките на своите родители и ја преземаа нивната „идеологија“, па сега се фалат со златни пиштоли, тигри за миленичиња, убиства…

Дека криминалот се исплати е мислата водилка на секој наркодилер или мафијаш. Иако има многу такви што ќе протестираат од зад решетките (или од другиот свет), на пар ликови им успе(в)а да се збогатат и да стекнат огромен имот, обезбедувајќи ја иднината на неколку идни поколенија. И сé тоа ќе беше супер, ако нивните потомци едноставно уживаа во удобностите, наместо и самите да глумат мафијаши, и со тоа да го потврдат стереотипот дека крушата под круша паѓа.

Иван Гузман

e046976b64fc0de1279a[1]

Познат по објавување на фотографии со купишта пари, клучеви од луксузни автомобили, егзотични животни, позлатено оружје, и секако – многу разголени жени со силикони. Сега е тренд да се сликаш со изнајмени лажни пари и автомобили на Инстаграм, но во случајот со Иван е јасно дека тоа на сликите навистина го поседува. Како знаеме? Син му е на   озлогласениот дилер Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, со чии бегства од затвор има навика често да се фали и гордее по друштвените мрежи. По последното апсење на Ел Чапо, ѝ се закани на мексиканската влада (преку Твитер) со зборовите: „Немате појма што направивте и во каква неволја се вовлековте“.

Алфредо Гузман

guzman

Алфредо е втората круша под истото дрво, т.е. помладиот брат на Иван и син на Ел Чапо. Алфредо е плукнат Иван, само во малку понезрела варијанта. На следбениците на своите друштвени профили им се обраќа со „вие обични смртници“, исто така фотографирајќи се со луксузни автомобили и оружје. И Алфредо не остана покус да се закани по апсењето на татко му.

„Можам да сум светец ако се однесувате чесно со мене, но во секој друг случај сум отров. Владата наскоро ќе го запамти презимето Гузман“, напиша не е ни важно каде, веројатно алудирајќи на тоа дека апсењето на најголемиот дилер на денешницата е „нечесно однесување“ на владата кон инаку „светецот“ Алфредо Гузман.

Серафин Замбада

d21879b243b7fec706a1[1]

Серафин Замбада им е другарче на Иван и Алфредо по мафијашка линија. Нивното пријателство е во духот на пријателството на Ел Чапо и татко му Исмаел „Ел Мајо“ Замбада – двајцата партнери на чело на картелот Синалоа.

Како и Гузмановци, и Серафин не се воздржува да се пофали со наследеното богатство од татко му, нормално, во форма на фотографии со автомобили, оружје и други „играчки“ на Инстаграм. За разлика од Иван и Алфредо, Серафин не љуби да си го крие или да го замаглува лицето на фотографиите, што и му се удри од глава – DEA (Американскиот оддел за наркотици и оружје) го уапси додека поминуваше граница од Соноре во Аризона.

Винсенте Замбада Ниебла

Уште еден син на Ел Мајо – услужливиот Винсенте, кој беше уапсен за трговија со дрога и екстрадиран во САД во 2010 година. На суд се бранеше дека не треба да оди во затвор, затоа што е подготвен да биде „цинкарош“. Тврдеше дека е заштитен со договор за имунитет меѓу САД и Мексико, заради информациите што картелот Синалоа ги дал за конкурентските картели. Неговите адвокати тврдеа дека Винсенте не може да биде законски гонет во САД бидејќи е доушник на DEA, и покрај тоа што е заслужен за  криумчарење на кокаин и хероин во САД во вредност од милијарди долари.

Мелиса Планкарте

b1638921c02aad33ca93[1]

Ќе ја најдете во речник до поимот „нарцис“. Се нарекува „пејачка во подем“, ама тој подем го базира фалејќи се со криминалната организација на нејзиниот татко  Енрике Планкарте. Енрике беше еден од најбараните на листата на мексиканската полиција и Интерпол, и лидер на картелот „Витешки Темплари“. Беше убиен во огнена престрелка во 2014 година. Мелиса радо изразува поддршка на организираниот криминал, макар тоа било и во форма на кратко фустанче со мотиви од витешките темплари.

Франсин Лукас Синклер

3d0f59702955ec86ca42[1]

Како за девојка чиј татко осакати цел кварт во Њујорк како дилер на кокаин и хероин, Франсин имаше привилегија на поприлично наивно и идеално детство, барем до 3-годишна возраст. Уште на три години носеше крзнен капут „Fendi“, имаше 10.000 долари вреден сет возови „Fao Schwarz“, а нејзините плишаните играчки беа полнети со сиров кеш.

Татко ѝ Френк Лукас важеше за крал на дрогата во Харлем, а на Франсин ѝ беше кажано дека „продава бонбони“. Но на 3-годишна возраст таа исто така беше и сведок на неговото апсење. Во јавноста излезе дури во 2007-та, пред објавата на филмот „American Gangster“ со Дензел Вашингтон – посветен на животот на Френк Лукас (сликата е сцена од филмот). Тогаш Франсин изјави дека сé тоа за нејзиниот татко е една голема лага.

Себастијан Марокин

pablo-escobar-at-the-white-house1[1]

Крал на дрогата секогаш бил и остана Пабло Ескобар. Себастијан Марокин, син му, тврди дека имал сосема нормален однос со својот татко, и покрај тоа што растел опкружен со неверојатно богатство – од една, и сурово насилство – од друга страна.

Да, Себастијан имал своја сопствена зоолошка со егзотични видови како нилски коњи, но во текот на попладневниот одмор се случувало да посведочи како татко му му се заканува со пиштол на некој од вработените, или како зема дрога.

Инаку роден како Хуан Пабло Ескобар, тајно живеел во Буенос Аирес под ново име – Себастијан Марокин. Првите 17 години ги поминал во анонимност, практично опоравувајќи се од животот со татко каков што бил Пабло Ескобар. Денес има 39 години и тешко му е да се помири со две работи – љубовта кон неговиот татко, но и омразата кон неговото наследство, во смисла на сите направени злодела.

- Реклама -