Опасен пад на алпинист, снимен на камера

Алпинистот Марк Р. си ја брка работата и се качува по планина, кога од никаде го погодува парче мраз. Марк е испратен во 30-секунди долг, опасен и брз пад по планината, попатно удирајќи речиси во секоја карпа. DailyDot ја објави снимката од камерата на шлемот на алпинистот. Додека го гледате видеото неизбежно е да ви се згрчи лицето, претпоставуајќи дека при секој удар слушате звук на кршење на коски.

„Ох сра**, веројатно беше мојата единствена мисла, но според брзината на одвивање на настаните знаев дека ќе потрае. Немав чувство на паника, повеќе се трудев да ги заштитам главата и вратот и да видам што се наоѓа под мене, каде се лизгам и што можам да направам за да го забавам падот и да запрам пред да налетам на поопасни и пострмни карпи“, вели Марк, кој не само што го преживеа падот, туку помина само со исчашен глужд и неколку модринки.

- Реклама -