Весникот „Лондон Телеграф“ неодамна објави вест дека ООН назначиле амбасадор за контакт со вонземјани кои евентуално би слетале на Земјата и дека тоа е малезискиот астрофизичар Мазлан Отман.
Весникот „Лондон Телеграф“ неодамна објави вест дека ООН назначиле амбасадор за контакт со вонземјани кои евентуално би слетале на Земјата и дека тоа е малезискиот астрофизичар Мазлан Отман.
По објавувањето на веста во весникот „Лондон Телеграф“, која вели дека Мазлан Отман, малезиски астрофизичар, е назначена за координатор за планирање на реакцијата на човештвото, кога, поточно доколку вонземјаните некогаш слетаат на нашата планета; на интернет започна уште една серија теории на заговор. Според нив, некаде постои организација налик на онаа од комедијата „Луѓе во црно“, вонземјаните се меѓу нас итн.
Отман уште во 1999 година била назначена за раководител на Канцеларијата за вселенски работи при ООН, а според весникот, таа треба да ја открие новата улога на конференцијата на Ројал Сосајети, во Бакингемшајер.
Забавата сопре откако „Гардијан“ ѝ поставиле прашање за ваквите наоди, а таа по електронска пошта одговорила: „Звучи навистина добро, но мора да го одречам“. Таа навистина ќе присуствува на конференцијата, но ќе говори за справувањето со вселенските објекти кои се блиску до Земјата.
Но, од друга страна пак, ако навистина постојат вакви планови (и/или организации), дали тие би ризикувале да се откријат пред широката јавност? [Alien ambassador appointed by United Nations?]