Погледнете како изгледаат полетувањата и слетувањата од најопасниот аеродром на светот – аеродромот “Тензинг-Хилари”, во непалскиот град Лукла, лоциран на надморска височина од 2800 метри.
Градов е познат како место од кое што тргнуваат повеќето експедиции кон Еверест.
Аеродромот Лукла располага со една писта за полетување и слетување со должина од 460 метри, ширина од 20 метри и наклон од 12 степени. На едниот крај патеката завршува во огромна бездна, додека на другиот крај патеката е заградена со масивна ограда и авионите треба да направат кривина на 90 степени за да влезат во аеродромот (или за да излезат од него).
За тука се потребни супериорни пилотски вештини.