Се вика Мари Троицкаја, од Москва е, има 21 година, по професија е архитект, а студира во Париз. И прави торти.
Прави „архитектонски торти“, како што вели. Прво ги обмислува идеите, црта скици, креира модели и ги обликува калапите. Потоа ја обмислува комбинацијата од вкусови, и на крајот, конечно, почнува да ги прави нејзините арт-торти, од кои омилени ѝ се чоколадните панорами и чоколадните градови.