ОН ги осудија убиствата на Западниот Брег: Бројот на жртвите е несфатлив

Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Тирк, денеска го осуди насилството на Западниот Брег и повика тоа да прекине, велејќи дека е несфатливо повеќе од 500 Палестинци да се убиени на таа територија од 7 октомври минатата година.

– Како да не беа доволни трагичните настани во Израел, а потоа и во Газа во изминатите осум месеци, луѓето на Западниот Брег исто така се изложени на невидено крвопролевање од ден на ден, рече Тирк, додавајќи дека „е несфатливо толку многу животи да се одземени на таков злонамерен начин“.

Од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври во јужен Израел, кој ја предизвика војната во Газа, израелските војници уапсија околу 4.000 Палестинци ширум Западниот Брег, вклучително и повеќе од 1.700 поврзани со Хамас.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

Според Министерството за здравство на палестинските власти, за тоа време биле убиени повеќе од 510 Палестинци од Западниот Брег.

Според проценките на армијата, големо мнозинство биле убиени за време на судирите во рации и апсења, јавија израелските медиуми.

- Реклама -