Потребно е:
Две лажички инстант кафе
Две лажички шеќер (или по вкус)
Две или три чаши ладна вода
Ледени коцки
Две лажици млеко (по избор)
Подготовка:
Во шејкер или блендер ставете кафе, шеќер и две лажици ладна вода. Покријте и добро протресете. Блендирајте додека не добиете густа пена. Наполнете висока чаша со коцки мраз, а потоа полека прелијте ја густата смеса врз коцките. Додадете го остатокот од млекото и водата. Послужете веднаш. Пријатно!