Омиленото девојче на Хитлер

hitler and helga

Се вели дека Хитлер имал и други свои карактерни страни кои ние денес не би ги претпоставиле, меѓу кои и тоа дека многу сакал деца (но искрено, без педофилија). Хелга, најстарата од шесте деца на Гебелс, била омиленото девојче на Хитлер.

Кати Хјубнер (Kathe Hubner), која работела за семејството Гебелс во текот на последните две години од Втората светска војна, до ден денес одбива да ги коментира таквите информации. Единствено признава дека новинарите отсекогаш ја тормозат со ова прашање, како и тоа дека постојано се обидуваат да дознаат од неа дали Хитлер навистина бил пријателски настроен со сите деца воопшто, како што се зборува.

Какви и да биле чувствата на Хитлер кон Хелга, овие фотографии од 1930-тите барем делумно покажуваат како Хелга се чувствувала околу Хитлер. Некои ќе речат дека од сликите јасно се гледа дека го мрази или дека се плаши од него, но само затоа што во случајов зборуваме за Хитлер. Реално гледано, дете како дете – има триста причини да не изгледа среќно кога го тераат да стои мирно пред фотоапарат, а згора на тоа има и фотографии каде што на Хелга ѝ е очигледно мило што го гледа. Се чини, само Кати ја знае вистината.

За жал, дури и тоа да било едно сосема наивно и прекрасно пријателство, приказната нема среќен крај. Хелга е убиена на 12-годишна возраст, на 1 мај 1945 година во Берлин, и тоа од своите сопствени родители, во истиот ден кога и самите ќе извршат самоубиство. Модринките најдени постхумно на нејзиното тело и главно на лицето, сугерираат дека девојчето се борело за да не ја прими капсулата со цијанид, која нејзините родители веројатно насила ѝ ја смачкале меѓу забите.

hitler-and-helga-goebbels-1 hitler-and-helga-goebbels-2 hitler-and-helga-goebbels-3 hitler-and-helga-goebbels-4 hitler-and-helga-goebbels-5 hitler-and-helga-goebbels-6 hitler-and-helga-goebbels-7 hitler-and-helga-goebbels-8 hitler-and-helga-goebbels-9 hitler-and-helga-goebbels-10 hitler-and-helga-goebbels-11 hitler-and-helga-goebbels-12

- Реклама -