Дијаспората во минатото не се попишуваше и голема е неинформираноста, вели за „МКД.мк“ претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – Мето Колоски.
Тој посочува дека досега било застапено и мислењето дека пописот треба да се бојкотира (од разни причини: поради промената на името на државата, поради преговорите со Бугарија и/или затоа што бугарска компанија го изработила софтверот), но дека последниве денови се забележуваат сѐ повеќе повици на социјалните мрежи (на македонски или на англиски), меѓу самите иселеници Македонци, за да се попишат.
Според Колоски, важно е да се знае колку Македонци живеат надвор од државата и затоа треба што помасовно да се регистрираат на пописот. Тој потенцира и дека Македонците немаат интерес од неуспешен попис или попис кој ќе даде нереално мал број на Македонци во дијаспората.
Колоски ги повикува и Македонците во државава да не го бојкотираат пописот, вклучително и оние 100 илјади кои ставија потпис за поништување на Законот за попис.
Целиот текст на „МКД.мк“, со наслов „Пописот на дијаспората како меѓуетнички натпревар“, прочитајте го ТУКА.