„Оловниот Цепелин“ отсвире за последен пат!?

led_zeppelinpВо понеделникот‭ (‬10.12.07‭) ‬легендарните‭ ‬Led Zeppelin‭ ‬одржаа
концерт во O2‭ ‬Arena во Лондон.‭ ‬Robert Plant,‭ ‬Jimmy Page,‭ ‬John
Paul Jones‭ ‬и Jason Bonham‭ (‬синот на John Bonham,‭ ‬оригиналниот
тапанар на групата кој почина во‭ ‬1980‭ ‬година‭)‬,‭ ‬се собраа и
одржаа целовечерен концерт,‭ ‬прв пат после‭ ‬20‭ ‬години,‭ ‬колку што
има поминато од концертот што го одржаа на‭ ‬Live Aid,‭ ‬хуманитарниот
фестивал што во‭ ‬1985‭ ‬го организираше Боб Гелдоф.


led_zeppelinВо понеделникот‭ (‬10.12.07‭) ‬легендарните‭ ‬Led Zeppelin‭ ‬одржаа концерт во O2‭ ‬Arena во Лондон.‭ ‬Robert Plant,‭ ‬Jimmy Page,‭ ‬John Paul Jones‭ ‬и Jason Bonham‭ (‬синот на John Bonham,‭ ‬оригиналниот тапанар на групата кој почина во‭ ‬1980‭ ‬година‭)‬,‭ ‬се собраа и одржаа целовечерен концерт,‭ ‬прв пат после‭ ‬20‭ ‬години,‭ ‬колку што има поминато од концертот што го одржаа на‭ ‬Live Aid,‭ ‬хуманитарниот фестивал што во‭ ‬1985‭ ‬го организираше Боб Гелдоф.

Свирката во O2‭ ‬Arena беше одржана во чест на Ahmet Ertegun основачот на Atlantic Records,‭ ‬издавачката куќа за која групата ги сними и издаде сите свои албуми во периодот од‭ ‬1969‭ ‬до‭ ‬1980‭ ‬година.‭ ‬Иако беа пуштени‭ “‬само‭“‬ 20.000‭ ‬влезници за настанот,‭ ‬за кратко време по објавувањето на концертот,‭ ‬преку милион‭ ‬обожаватели на‭ ‬Led Zeppelin‭ ‬побарале карти,‭ ‬а некој човек од Шкотска на добротворна аукција платил цели‭ ‬170.000‭ ‬долари за две места.‭ ‬Ако правиме муабет за легенди,‭ ‬тие се тие,‭ ‬а за оние што мислат дека се работи за шминка и индустрија,‭ ‬погледнете ги старите волци‭ (‬на голем дел од вас можат да им бидат дедовци‭!) ‬како груваат на сцена,‭ ‬после триесет и осум години од нивното прво издание.

{youtube}a8v_Rqi4B-E{/youtube}
{youtube}3G_JTMuHOQk{/youtube}
{youtube}Wuiv28j8Vq8{/youtube}

Колку за информација,‭ ‬името‭ ‬Led Zeppelin им го дал‭ ‬Keith Moon‭ ‬тапанарот на групата‭ ‬The‭ ‬Who,‭ ‬алудирајќи на тоа дека оловен цепелин не може да се крене од земја,‭ ‬сакајќи најдругарски да им каже дека не ги бива.‭ ‬Во друга прилика,‭ ‬Питер Грент,‭ ‬менаџерот и продуцент на групата,‭ ‬му пружил рака на Боб Дилан претставувајќи му се во името на групата,‭ ‬но овој го погледнал бледо и му рекол дека не се поздравува со лузери‭! ‬Само неколку месеци по ова‭ ‬Led Zeppelin‭ ‬го издаваат својот прв албум кој им донел заработка од‭ ‬7.000.000‭ ‬долари‭ ‬во тоа време,‭ ‬а во текот на својата кариера продале преку‭ ‬300‭ ‬милиони носачи на звук.‭ ‬Хе хе хе,‭ ‬каков сеир‭!

[[Led_zeppelin]]
[In London, Led Zeppelin Gets a Whole Lotta Love]

- Реклама -