Оливиа Палермо е преокупирана со егзотични патувања и одвај наоѓа време да се види со момчето. Но, овој пат работата им излезе во пресрет на двајцата. Германскиот бренд ОТТО го ангажираше овој неодолив пар во рекламната кампања за најновата колеција за престојните пролет – лето 2013.
За време на снимањето Оливиа и Јоханес со голем интерес ги изучуваа убавините на шпанските острови, се возеа во кабриолет и трпеливо позираа пред објективите на фоторепортерите!
Погледнете дел од фотосесијата и рекламното видео од снимањето!
http://youtu.be/C4oYuo7fZQw