Вечерва е отварањето на Олимписките игри (видео)

Вечерва во Лондон ќе се случи спектакуларното отварање на 30-те Летни олимписки игри во Лондон, што ќе чини преку 25 милиони фунти. Церемонијата ќе биде гледана од рекорден број луѓе, а се чини дека е решена и последната непознаница – кој ќе го запали Олимпискиот оган?

Легендарниот британски атлетичар Роџер Банистер (83) речиси извесно ќе го запали олимпискиот оган на утрешното свечено отворање на Олимписките игри во Лондон. Човекот кој е познат по тоа што прв истрча една милја за помалку од 4 минути и во 1954 година беше прогласен за спортист на годината од „Спортс Илустрејтед“ е најверојатниот избор за најсвечениот момент од отворањето, палењето на олимпискиот оган.

Ова стана јасно откако најпознатата британска обложувалница „Вилијам Хил“ сопре со примањето облози за неговото име, како човек на кого ќе му биде укажана честа да го запали олимпискиот оган.

Снимки од пробите за отварањето

{youtube}c3VbCdtJClo{/youtube}

- Реклама -