Денеска почнуваат дваесет и вторите зимски Олимписки игри, а меѓу другото, ова е и можност да се прикажат бројни меѓународни луксузни брендови кои ги потпишуваат дресовите на учесниците и тоа во ограничени колекции, за да ги задоволии и најпрефинетите навивачи.
Така, на пример, италјанските спортисти ќе носат дресови кои ги креирал „Армани“, додека „Ралф Лорен“ се погрижил за американскиот тим.
Историскиот бренд на кошули, „Карел“, ги обезбедува спортистите- домаќини, а „Балин“ лидер во рачната изработка во високата мода на обувки, ги слави Игрите во Сочи со колекција која прави вистински омаж на Русија, која во исто време, е еден од првите пазари на овој бренд. Специјално издание на „Балин за Сочи 2014′ е составена од четири екслузивни модели, кои ќе се најдат во продавниците од почетокот на февруари.
Меѓу нив се истакнува моделот со потпетица од 10 сантиметри, која е изработена во златна, сребрена и бронзена боја, како медалите.
Останатите три модели се „аделина“, патиките „алена“ и „екатерина“ со гумени ѓонови.
Познатиот бренд на багаж и торби „Самсонајт“ исто така, ја претставува својата нова колекција наменета само за рускиот пазар.
Џорџио Армани направил дизајн на рачен часовник за италијанскиот тим. Часовникот има нерѓосувачки челик во дијаметар од 42,4 милиметри, бојата е морнарско сина, со логото ЕА7, а три од нив ја носат боите на италјанското знаме.
Не пропушта вода до пет атмосферски притисоци, ремчето е од кожа, исто така во сина боја, која го подига спортскиот дух. Часовникот од декември се наоѓа во продажба во целиот свет, како и очила за сонце во тегет боја.