Лестер Бо Меккејлеб ужива во улогата на лидер на Фенербахче Улкер, па македонскиот репрезентативец го предводеше турскиот тим и до втората победа во новата сезона од Евролигата.
По импресивниот настап во првото коло против Химки, Меккејлеб одигра фантастичен меч и синоќа, на гостински терен против Олимпија, носејќи му ја на Фенербахче победата од 75:81, но притоа заработувајќи и незгодна повреда по еден влез кон противничкиот кош.
Најдобриот плејмејкер во Европа мина на теренот 25 минути, за кои што успеа да реализира 17 поени со фантастичен процент (8/9 за два поени, 1/2 за еден поен).
Покрај тоа, Меккејлеб оствари и пет асистенции, четири скокови и две украдени топки, па јасно е зошто токму нашиот Бо ја имаше улогата на ѕвезда на вечерта во Љубљана.
Причина за загриженост за тренерот Пјаниџани претставува повредата на македонскиот репрезентативец во текот на второто полувреме, па навивачите на Фенер со нетрпение ќе ја очекуваат информацијата колку долго ќе отсуствува Меккејлеб од терените.
Богдановиќ со 14 поени беше втор стрелец на турскиот тим на оваа средба, додека Онан и Батист го завршија мечот со по 13 постигнати поени.