Околу 30 илјади луѓе гладуваат до смрт во Јужен Судан

Околу 30 илјади луѓе во зоната на воените дејствија во Јужен Судан се загрозени од глад и смрт, објавија Обединетите Нации,  предупредувајќи дека уште „десетици илјади“ се „на границата на гладта“.

Glad-1

Податоците од извештајот укажуваат на најлошите услови досега во 2-годишната граѓанска војна, обележана со исклучителни цивилни и воени злосторства.

„Најмалку 30 илјади луѓе живеат во крајно лоши услови и им се заканува смрт”, наведуваат од Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (FAO) , УНИЦЕФ и Светската програма за храна во заедничка декларација.

- Реклама -