Бојан Слат, 20-годишен иноватор од Холандија, се зафатил со многу тешка задача – да ги исчисти океаните од милионите тони пластични шишиња и ѓубре, пишува Bored Panda.
Судејќи по поддршката што е собрана, постои голема веројатност да успее. Големите струи во светските океани го отежнуваат собирањето или дури мониторингот на ѓубре, но Ocean Foundation Cleanup ги користи овие струи во своја полза.
Слат предвидува изградба на систем од мрежи, кој ќе го собира ѓубрето од површината, додека им овозможува на океанската флора и фауна и самите струи да минуваат низ неа.
Компанијата проценува дека 100 километри од оваа мрежа за прочистување, би можела за 10 години да укине 42% од Големата пацифичка депонија, а според проценките би биле собрани вкупно 70,320,000 килограми пластичен отпад.
Засега во Јапонија се инсталира 2.000 метри пробен систем кој штом биде завршен ќе стане најдолгата подвижна структура во светот.