Сексот е добар во борбата против стресот и е корисен кога е во прашање одржувањето на телесната тежина. За време на сексот, зависно од позицијата, се активираат речиси сите мускули.
Тајната на ефикасно трошење на калории е жешкиот секс. 150 калории се трошат за половина час секс, додека дивиот согорува дури и до 350 калории што одговара на половина час трчање.
Совет на сексологот Башер Ахмад Рој е доколку двојките сакаат со секс да ја одржуваат фигурата мора да ги продолжат сексуалните активности на најмалку 15 минути.
Една од позите која најмногу ги активира мускулите е традиционалната мисионерска. Експертите нагласуваат дека сексот е ултимативна вежба и препорачуваат да се практикува три до пет пати во текот на работната недела и еднаш или два пати на ден за време на викенд.
По 15 минути страсно љубење наутро, попладне и навечер, три пати во неделата согорува 100 калории на ден. Тоа се 36 500 калории на година, што е еднакво на 4,5 килограми.