Дојди и креирај ја мобилната банка од иднината заедно со Охридска банка Сосиете Женерал и Солвео!
Напредокот на технологијата постојано укажува дека е потребно да се следат промените кои се неизбежни во сите области, особено кога станува збор за финансиите. За да се одговори на промените, Охридска банка Сосиете Женерал во соработка со Солвео организираат 3-дневен настан наменет за сите креативни и амбициозни млади – ОBSG BUZZ Hackathon. На овој настан учесниците ќе имаат можност да ја креираат иднината на мобилното банкарство и да освојат награда во износ од 1.500 ЕУР. Целта на овој настан е да се креираат иновативни решенија кои ќе одговорат на предизвиците на современото банкарство и ќе овозможат поголема интеракција на самите корисници со банката.
54-часовниот настан ќе се одржи од 30.11.2018 до 02.12.2018 во просториите на ИННОФЕИТ, каде 50 млади и талентирани умови во тимови ќе имаат можност да работат на креирање на мобилна банка од иднината. За време на OBSG BUZZ хакатонот, учесниците ќе треба да креираат предлог – решенија за концептот на мобилното банкарство во иднина, што е неопходно да се смени, кои аспекти треба да се подобрат, какви иновации ќе бидат потребни за подобро функционирање на мобилната банка. На крајот на настанот секој тим ќе го презентира своето идеално решение пред комисија која ќе го прогласи победникот на OBSG BUZZ Hackathon.
Повеќе информации за настанот можете да најдете ОВДЕ.
Зошто да учествувате на OBSG BUZZ Hackathon?
● Искуство при работа на реален проект и можност да креираш решение за реален проблем;
● Креирај решение кое ќе ја смени иднината на мобилното банкарство;
● Ќе работите со голема интернационална компанија;
● Можност да освоите парична награда и сертификат;
● Вмрежување со професионалци;
● Поттикнете го тимскиот дух и истакнете се пред потенцијални работодавачи;
На OBSG BUZZ Hackathon можат да се пријават сите кои сметаат дека можат да одговорат на овој предизвик, сакаат да креираат нови решенија, имаат искуство во дизајн, маркетинг, програмирање, бизнис, финансии, да запознаат нови контакти и се тимски играчи. Секој заинтересиран учесник мора да пoполни апликација за учество ТУКА. Може да се пријавите индивидуално или заедно со уште еден партнер. Секој треба да ја пополни апликацијата за учество.
Ако сметате дека можете да креирате иновативно решение кое ќе го подобри начинот на кој се користи мобилното банкарство и сакате да освоите награда од 1.500 ЕУР, пријавете се веднаш!