Охрид намалува цени за жителите на загадените градови

Хотелите во Охрид во следниот период ќе ги намалат цените за жителите на градовите каде загадувањето е алармантно високо, со цел барем неколку дена да дишат чист воздух.

 

– За гостите од Скопје, Тетово, Гостивар кои живеат таму и имаат лични карти од тие градови можат да престојуваат во текот на јануари и февруари за цена од 990 денари. Таа цена е 50% е пониска од чинењето на нормалната цена. На луѓето им нудиме нешто невообичаено, пониска цена за помалку пари да дојдат и да дишат чист воздух – изјави Перо Кутаноски, менаџер на хотел Гранит.

Градоначалникот Јован Стојаноски смета дека на овој начин Охрид покажува и хуманост и гостопримливост кон граѓаните кои потекнуваат од овие градови.

- Реклама -