Охрид ќе се потсети на шармот на 80-те, дел од музичкото – забавно шоу „Зимска бајка“

Вечерва во Охрид ќе се одржи музичкото – забавно шоу „Зимска бајка“, и тоа во Центарот за култура „Григор Прличев“. Оваа година „Бајката“ ќе не врати во 80-те години од минатиот век, во еден од најплодните периоди на светската музика.

Дел од безвременските хитови од осумдесеттите ќе бидат изведени од бендот на „Зимска Бајка“ и вокалните солисти Емилија Колоска и Христијан Тоневски. Шоуто традиционално ќе биде зачинето со креативен хумор за кој се задолжени познатите охридски актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“ и специјалните гости, извонредните комичари Атанас и Ти

Емилија Колоска

Влезниците за седмото издание на сценскиот спектакл „Зимска бајка“, во ограничен број, експресно беа распродадени по пуштањето во продажба изминатиот викенд. Дел претходно беа резервирани за соработниците, помагателите и поддржувачите на манифестацијата, како и за хуманитарни цели што организаторот традиционално ги реализира во соработка со лајонс клубовите од градот.

Дел од атмосферата на последната „Зимска бајка“ во 2022 година

Настанот што се одржува во продукција на Охридњуз, во кој ќе бидат вклучени десеттици уметници, бројна логистика и волонтери, несебично го подржа: Хотел Чинго, АСП ПАК, Пе-Логистик, Општина Охрид, Коста Абраш, Ресторан Св. Софија, Топ Маркет, Др. Баткоски, Кармен Бауцентар, Здружение на возачи Охрид, Хотел Тино центар, Рондо трејд, Monastery winery, Диско Инклузив, Жито леб, ОДВ Електрик, Трпе Инвест, Ресторан Острово, ПАП Охрид, Ресторан Острово, Винарија С & С, Кадмо бар, Гостилница Боем, Бутик Емили, Тапни, Дигитал Бокс и ЕXPLORE OHRID.

Актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски

Наскоро OhridNews, ќе го промовира и печатеното издание на Годишната ревија на настани, која бесплатно се дистрибуира до читателите. На специјален настан во Кадмо бар, кој ќе се емитува во живо на социјалните мрежи и на нашиот портал, ќе бидат доделени признанијата на најуспешните приказни во Охрид во 2023 година.

- Реклама -