Огромниот подземен систем против поплави на Токио

cans1

И урбаната е џунгла, а џунглите знаат и да се поплават. Големите градови се особено подложни на поплавување, бидејќи немаат почва, дрва и вегетација што би ја впивале водата. Метрополите не се изградени имајќи го менаџирањето на поплави во предвид, а бетонот е ужасен сунѓер, така што со зголемената тенденција невремињата да добиваат сé поголем интензитет во следните години, за многу од градовите (справувањето со) поплавите стануваат главен проблем.

Најсериозен во напорите да избегне поголеми штети е Токио. Во текот на 17 години беше конструиран огромен подземен систем против поплави. Проектот чинеше 2.6 милијарди долари. Тоа е најсофистицираниот светски систем за справување со поплави од големи размери. Еве каде оди вишокот вода кога Токио ќе го погодат долги врнежи, монсун или тајфун:

flood2[1]

Проектот е наречен G-Cans и се состои од гигантски тунели, џиновски резервоари за вода, масивни столбови и моќни пумпи – сите заедно работат на тоа да се пренасочи поплавната вода надвор кон Токискиот залив и подалеку од градот, во кој патем живеат околу 35 милиони луѓе. Работи на принцип што ја насочува водата да се слее во подземните тунели и резервоари. „Механизмот“ е способен да ја издржи и најголемата поплава, од тие што се случуваат еднаш на 200 години. Неопходно е да е така, затоа што Токио лежи на релативно ниска земја и е посебно подложен на поплавување.

flood4[1]

Тунелите се подолги од 100 километри, а се поврзани со регулирачки силоси високи и до 65 метри. Главниот резервоар е познат како „Подземен храм“ и е 25 метри висок, а 176 метри долг. Наликува на некаква бизарна подземна катедрала, оттаму и името. Секој од 59-те столбови на „храмот“ е висок по 19-тина метри и тежи по 500 тона. Моќниот систем за дренажа може да испумпува и по повеќе од 200 тона вода во секунда. Пумпите задолжени за тоа се исто така огромни и се конструирани од ракетни пумпи.

g-cans5[1]

Ако ви изгледа познато, тоа е затоа што го има во многу филмови, реклами и видео игри. За време на сувата сезона, тунелот е исто така и туристичка атракција. Влезот е бесплатен, ама ќе ви треба преведувач за да ги разберете водичите кои зборуваат претежно јапонски. Друга алтернатива за подетален увид е да го ѕирнете видеово:

- Реклама -