Огромни експлозии го потресоа Бејрут, градот како погоден од нуклеарка! (ВИДЕО)

Две огромни и застрашувачки експлозии го потресоа попладнево главниот град на Либан, Бејрут. Оштетени се згради, автомобили и има најмалку десетици загинати.

Според првичните информации, експодирал брод полн со пиротехника во пристанишниот дел на градот. На социјалните мрежи се нижат видеа од експлозиите, од кои втората со многу посилна детонација, формирајќи облак во форма на печурка. Како што прнесуваат локални медиуми, шоковиот бран се почувствувал и до 10 километри оддалеченост.

Гувернерот на Бејрут, Филип Булос, експлозиите ги нарече најголема национална катастрофа во Либан:

„Ова е национална катастрофа. Во животот немам видено ваква голема катастрофа. Не знаеме како ќе се опоравиме од ова. Мораме да останеме силни и храбри“, рече тој, по што го надвладејаа солзите.

 

- Реклама -