Ник Рајсингер отсекогаш бил воодушевен од небото. Но минатата година овој астроном аматер и фотограф дал отказ од маркетинг агенција во Сиетл и влечкал шест синхронизирани фотоапарати преку 96.500 километри за да направи фотографија од целото ноќно небо.
Тој ја поставувал својата опрема на високи локации во западниот дел од САД и во Јужна Африка, правејќи фотографии во периоди на млада месечина кога ноќите биле долги и мрачни. Шестте фотоапарати биле програмирани да ги следат ѕвездите на нивниот пат преку небото и истовремено да прават илјадници фотографии.
Ник потоа ги составил сите 37.440 фотографии во една спектакуларна панорамска слика која ја објавил на интернет. На фотографијата се гледа поглед од 360 степени од Млечниот Пат, планетите и ѕвездите во нивните вистински бои. Посетителите можат да зумираат во делови од сликата од 5000 мегапиксели за да ги најдат Орион или Големиот Магеланов Облак.
„Сакав да го споделам она што за мене беше возможно“ изјавил Рајсингер, за кого ова е прв обид во астрофотографија. „Не го гледаме на овој начин. Ова е многу посветло. Во добра ноќ во Сиетл можете да видите најмногу 20 до 30 ѕвезди. Ова, во цела своја големина, можете да видите 20 до 30 милиони ѕвезди. Се е зголемено.“
„Ова е дело на љубов!“ изјавил Ендру Фракноа, предавач од Астрономското Општество на Пацификот. „Професионалните астрономи создаваат подлабоки фотографии од мали делови од небото, користејќи големи телескопи. Но убаво е да се има ваква прекрасна фотографија од целото небо.“ Рајсингер додал: „Ова фотографија не може да послужи за нучни потреби. Фотографијата е направена за образовни цели и за најзината уметничка важност. Тој додал дека не заработил паро од фотографијата. [Photographer travels 60k miles in a year to complete stuning panorama of the Milky Way]